Иранската репрезентација ќе поднесе жалба до ФИФА поради строгите логистички и патни ограничувања на кои е подложена за време на Светското првенство во САД, Мексико и Канада.
Американските власти воведоа исклучително строги политики и ограничувања за „персијските гепарди“.
Tимот е принуден да престојува во камп во мексиканскиот пограничен град Тихуана и да патува во САД само 24 часа пред натпреварите. Веднаш по нив, експедицијата мора да ја напушти територијата.

