Возачот на Ферари, Шарл Леклер, е победник на трката за Големата награда на Велика Британија во Формула 1.
На победничкиот подиум покрај Леклер се искачија и Џорџ Расел од Мерцедес и членот на Ферари, Луис Хамилтон. Актуелниот светски шампион Ландо Норис заврши на четвртата позиција додека петтото место му припадна на Исак Хаџар.
Бодови на Силверстон освоија и Лијам Лосон, Арвид Линдблад, Габриел Бортолето, Франко Колапинто и Пјер Гасли.

