Мајами во изминатата ноќ беше погоден од силна тропска бура која предизвика загриженост околу дуелот Англија-Норвешка во четвртфиналето на Мундијалот.
Локалните хотели останаа без струја поради тешките услови, паднати дрвја и други сериозни штети. Временската прогноза за Мајами предвидува мешавина од сонце и облаци, со можни грмотевици попладне, што би можело да влијае на натпреварот меѓу „Гордиот Албион“ и Скандинавците.
Ќе потсетиме дека според правилата на ФИФА, играта мора да биде прекината 30 минути ако удри гром во рамките на околу 13 километри од стадионот.

