Author: dino

Јирген Клоп остро ги негираше онлајн тврдењата дека коментирал за поразот на Англија од Аргентина во полуфиналето на Светското првенство. „Добив многу пораки на социјалните мрежи во кои се вели дека сум рекол нешто за натпреварот со Англија, Томас Тухел, тактиките и слични работи“ – изјави Клоп. „Тоа не е вистина. Не сум разговарал со никого во последните денови. Прв пат ќе зборувам јавно в недела во финалето“ – рече Германецот.

Read More

Вечер во Мајами селекциите на Англија и на Франција ќе се борат за третото место на Мундијалот во САД, Канада и Мексико. „Галските петли“ загубија од Шпанија во претходната рунда додека Англија доживеа драматичен пораз од Аргентина. Французинот Мбапе и Англичаните, Кејн и Белингем, имаат личен мотив да дојдат до наградата најдобар стрелец заедно со Аргентинецот, Лео Меси. Во историјата на финалињата на Светските првенства, Англија има две победи (во 1966 и 1982 година), но Франција ја доби последната средба во Катар во 2022 година со резултат 2:1.

Read More

Македонскиот ракометен вицешампион Пелистер денеска ги дозна ривалите во Европската лига. Како единствен македонски претставник во Европската лига, Пелистер се најде во групата Г заедно со Гумербах (Германија), Ла Риоха (Шпанија) и Гдањск (Полска). За првпат 32 екипи ќе играат во групната фаза, која вклучува шест кола од 29 септември до 2 декември 2026 година. Првопласираните и второпласираните учесници во секоја група ќе обезбедат место за главната рунда, каде што ќе им се придружат третопласираните и четвртопласираните екипи од групната фаза на Лигата на шампионите на ЕХФ.

Read More

Светското првенство во САД, Мексико и Канада полека влегува во својата завршна фаза, а пред последните два натпревари кои ќе ги гледаме на мундијалот, свој збор имаше и Пјерлуиџи Колина. Шефот на судиите во ФИФА ги собра сите арбитри за да ги соопшти двете најважни одлуки за крај на мундијалот, со тоа што секако во фокусот беше изговорот на името на судијата кој ќе ја дели правдата во големото финале кое се игра во Њу Џерси во недела. Голема чест доби Славко Винчиќ и ова ќе биде најважен натпревар во кариерата на познатиот словенечки судија, кој откако беше избран за…

Read More

Шкендија обезбеди пласман во второто коло од Конференциската лига на УЕФА, откако повторно ја победи Европа од Гибралтар, овој пат со минимални 1:0 во Скопје. Единствениот гол го постигна Ване Крстевски во 86-тата минута. По натпреварот, тренерот Артим Положани ги сподели своите размислувања за натпреварот и следниот предизвик, словенечки Браво. „Очекувањата беа да победиме со уште еден повисок резултат, но во однос на пристапот, не можам да кажам дека немаше ниво. Она што ме загрижува од овој натпревар беа нашите акции во нападот кои беа крајно несмасни. Тоа значи дека во моментот кога имавме простор да извадиме играчи со топка,…

Read More

Фудбалерите на и тренерот на Силекс, Александар Васоски, сосема очекувано беа разочарани од елиминацијата во првото коло во Конференциската лига. И покрај победата на првиот натпревар на гости против Динамо Минск, кратовци дозволија пораз на домашен терен, па низ продолженијата и пеналите не успеаја да дојдат до втората рунда. „Ова беше еден исцрпувачки натпревар. Почнавме со страв во првите дваесетина минути, несвесно се повлековме иако беше кажано да нападнеме од првата минута. Немавме многу шанси, но Велиновски ја имаше шансата на натпреварот кога излезе сам пред гол. Во Европа, доколку не се искористат тие шанси за гол, казната стигнува. Нема…

Read More

Нашата млада атлетичарка Ева Митевска утрово настапи во квалификациите на 100 метри на Европското првенство за атлетичари до 18 години, кое се одржува во Риети, Италија. Атлетичарката на АК Работнички трката ја истрча за 12.40 секунди, поставувајќи нов личен рекорд – најдобар резултат во нејзината досегашна кариера. Во силна конкуренција од 40 атлетичарки од цела Европа, Ева го освои 35. место, стекнувајќи драгоцено меѓународно искуство на едно од најзначајните младински атлетски натпреварувања.

Read More

Кошаркарите на МЗТ Скопје во наредната сезона ќе настапат во второто по ранг натпреварување на Стариот континет – Европскиот Куп. Популарните „штркови“ ќе бидат во група со АЕК Ларнака од Кипар, Вурцбург од Германија, Тарту од Естонија, грчкиот Ираклис и полската Варшава.

Read More

Нашата машка кошаркарска репрезентација ќе биде во групата „F“ во втората фаза од квaлификациите за Европскиот шампионат во 2029 година.Денеска во Германија беа формирани новите групи а Македонија влезе во друштво со Кипар и Австрија. Мечевите ќе бидат одиграни во три термини : 27–30 август 2026, 26–29 ноември 2026 и 25–28 февруари 2027. Само победниците од групите ќе одат во наредната рунда елиминации.

Read More

ФИФА одговори на обвинувањата од францускиот селектор Дидие Дешамп за квалитетот на судењето на полуфиналниот натпревар со Шпанија, кој „петлите“ го загубија со 2-0. „Како одговор на коментарот на Дидие Дешам, кој праша дали судијата на натпреварот е на нивото за полуфинале, одговорот на ФИФА е јасен: да, нашите судии се светска класа“, изјави Пјерлуиџи Колина, претседател на судискиот комитет. По поразот во вторникот, Дешан изрази сомнежи за салвадорскиот судија, Иван Бартон. Иако не го оспори пеналот против неговиот тим, францускиот селектор имаше забелешки за други детали од работата на судијата.

Read More