Јирген Клоп остро ги негираше онлајн тврдењата дека коментирал за поразот на Англија од Аргентина во полуфиналето на Светското првенство.
„Добив многу пораки на социјалните мрежи во кои се вели дека сум рекол нешто за натпреварот со Англија, Томас Тухел, тактиките и слични работи“ – изјави Клоп.
„Тоа не е вистина. Не сум разговарал со никого во последните денови. Прв пат ќе зборувам јавно в недела во финалето“ – рече Германецот.

