Нашата машка кошаркарска репрезентација ќе биде во групата „F“ во втората фаза од квaлификациите за Европскиот шампионат во 2029 година.
Денеска во Германија беа формирани новите групи а Македонија влезе во друштво со Кипар и Австрија.
Мечевите ќе бидат одиграни во три термини : 27–30 август 2026, 26–29 ноември 2026 и 25–28 февруари 2027. Само победниците од групите ќе одат во наредната рунда елиминации.

