Македонскиот ракометен вицешампион Пелистер денеска ги дозна ривалите во Европската лига. Како единствен македонски претставник во Европската лига, Пелистер се најде во групата Г заедно со Гумербах (Германија), Ла Риоха (Шпанија) и Гдањск (Полска).
За првпат 32 екипи ќе играат во групната фаза, која вклучува шест кола од 29 септември до 2 декември 2026 година. Првопласираните и второпласираните учесници во секоја група ќе обезбедат место за главната рунда, каде што ќе им се придружат третопласираните и четвртопласираните екипи од групната фаза на Лигата на шампионите на ЕХФ.


