Author: dino

NBA

Претседателот на Филаделфија, Мајк Ганси, изјави дека центарот Џоел Ембид, целосно се опоравил и ќе ја започне новата сезона без никакви ограничувања. „Ова е една од првите меѓусезони кога е целосно здрав. Очигледно, играше со повреди во серијата против Њујорк и на крајот против Бостон. Но, сега е здрав“ – рече Ганси. Ембид откако ја освои наградата за најкорисен играч (MVP) во сезоната 2022/23, постојано се измачуваше со повреди. Тој не одиграл повеќе од 39 натпревари во последните три сезони.

Read More

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, се осврна на вчерашниот пораз од Бетис во пријателски меч одигран во Даблин. Шпанецот има даде шанса на сите 25 фудбалери што ги има во ростерот. „Во првото полувреме кога имавме повеќе од нашата почетна постава на теренот, имаше два сосема различни аспекти на нашата игра – како се справувавме со топката и како се натпреварувавме“ – рече Артета. „Очигледно, има области што треба да ги подобриме. Во исто време, имаше и позитивни работи“ – нагласи менаџерот на „топчиите“ по поразот од 3-1.

Read More

Лионел Меси продолжи да пишува историја во американскиот фудбал откако супер-ѕвездата постигна два гола во победата на Интер Мајами над мексикански Атлетико Сан Луис во првата групна фаза од Лига Купот. Аргентинецот сега со 14 голови е рекордер во елитното натпреварување во кое играат екипи од МЛС и мексиканската лига. Меси има постигнато 921 гол во својата кариера на 1.166 одиграни официјални натпревари. 

Read More

Со победата која ја оствари против Турција од 29:27, но и резултатот на мечот меѓу Швајцарија и Чешка, нашата машката кадетска репрезентација како најдобро второпласирана селекција обезбеди место во ТОП 16 на ЕП и ќе разигрува за пласман од 9 до 16 место на Европското првенство во Србија. Ова значи дека генерацијата предводена од селекторот Горан Кузманоски се пласираше на младинското ЕП 2028, а со оглед на тоа што Македонија е домаќин на ЕП 2028 за кадети и генерација на Никола Матлиески ќе игра на континенталниот собир директно. Ова значи дека две наши селекции, кадетите и младинците ќе играат на…

Read More

РК Вардар ги информира навивачите дека има промени во распоредот за два натпревара од групната фаза во ЕХФ Лигата на шампионите. Домашниот од 2. коло против Нант, кој ќе се игра на 16 септември во СЦ „Јане Сандански“, наместо во 20:45 часот, ќе започне во 18:45 часот. Промена има и за гостувањето кај Висла Плоцк во 4. коло. Натпреварот, кој претходно беше закажан за 15 октомври, според новиот распоред ќе се игра на 14 октомври, со почеток од 18:45 часот. Останатиот дел од распоредот останува непроменет. Клубот објави дека дополнително ќе ги информира навивачите за сите детали поврзани со влезниците…

Read More

Со претстојното учество на XX Медитерански игри во Таранто, Македонија по четврти пат ќе биде дел од едно од најзначајните мултиспортски натпреварувања на Медитеранот. Македонија првпат настапи како независна држава во 2013 година во Мерсин, Турција. Со делегација од 116 спортисти, нашата земја беше претставена во 19 спортови и дебито го заврши со пет освоени медали – едно сребро и четири бронзени медали. Вториот настап следуваше во 2018 година во Тарагона, Шпанија. Берат Јакупи во карате го освои првото злато а златен медал освои и Магомедгаџи Нуров во борење. Дополнително, Дејан Георгиевски во таеквондо освои сребро, додека бронзени медали освоија…

Read More

На големиот православен христијански празник Св. Илија и државен празник Илинден, што е еден од клучните темели на идентитетот на македонскиот народ и на Република Македонија како држава, пред 80 години (во 1946) на 2 август, почнало, а следниот ден завршило првото првенство на Македонија во кошарка. Според достапните податоци, ова првенство било одржано во рамките на Вториот фискултурен слет. На првенството учествувале три екипи: МАКЕДОНИЈА, РАБОТНИИЧКИ (двата тима од Скопје) и ВАНЧО ПРКЕ (од Штип). По поразот во првиот меч од Работнички со 30:8, првенството го напуштиле кошаркарите на Ванчо Прке. На средината на Градскиот стадион во Скопје бил…

Read More

Кошаркарот, Димитрије Николиќ, е ново име во редовите на МЗТ Скопје. Станува збор за центар од Србија кој кариерата ја започнал во Раднички Крагуевац по што четири сезони настапуваше во белградски Партизан. Играчот кој е висок 211 сантиметри настапувал и за Слога Краљево, Слобода Ужице, ФМП и Златибор. 28-годишникот првото интернационално искуство го имаше во Крајова во Романија. Таму играше и за Брашов а беше дел и од литванскиот Невезис.

Read More

Македонскиот фудбалски тренер, Ѓоко Хаџиевски, ќе го предводи нисколигашот во Обединетите Арапски Емирати, Ал Мединах Вондерерс. Тој откако замина од бугарскиот состав Спартак Варна експресно пронајде нов ангжман и се врати на добро позната локација. Со Хаџиевски на чело, Ал Мединах, ќе влезе со големи амбиции во новата сезона. Нашиот прославен стратег работеше во неколку екипи на Блискиот Исток меѓу кои и Ал Тавон, Ал-Кадишијан, Ал Џафра, Емирати итн.

Read More

Белгискиот фудбалер, Кевин Де Бруин, нема намера да ја менува средината и затоа ќе остане во екипата на Наполи. Тој одлучи со семејство да го продолжи престојот во Италија и да го поправи впечатокот од претходната сезона кога главно се соочуваше со повреди. За потписот на ветеранот беа заинтересирани екипи од САД и тоа пред се Чикаго Фаер, Сан Диего па дури и Интер Мајами на Лео Меси.  

Read More