Претседателот на Филаделфија, Мајк Ганси, изјави дека центарот Џоел Ембид, целосно се опоравил и ќе ја започне новата сезона без никакви ограничувања.
„Ова е една од првите меѓусезони кога е целосно здрав. Очигледно, играше со повреди во серијата против Њујорк и на крајот против Бостон. Но, сега е здрав“ – рече Ганси.
Ембид откако ја освои наградата за најкорисен играч (MVP) во сезоната 2022/23, постојано се измачуваше со повреди. Тој не одиграл повеќе од 39 натпревари во последните три сезони.

