Со победата која ја оствари против Турција од 29:27, но и резултатот на мечот меѓу Швајцарија и Чешка, нашата машката кадетска репрезентација како најдобро второпласирана селекција обезбеди место во ТОП 16 на ЕП и ќе разигрува за пласман од 9 до 16 место на Европското првенство во Србија.
Ова значи дека генерацијата предводена од селекторот Горан Кузманоски се пласираше на младинското ЕП 2028, а со оглед на тоа што Македонија е домаќин на ЕП 2028 за кадети и генерација на Никола Матлиески ќе игра на континенталниот собир директно.
Ова значи дека две наши селекции, кадетите и младинците ќе играат на ЕП 2028.
ТОП 15 од ова Европско првенство може да обезбеди пласман на Мундијалот за кадети наредната година, а доколку домаќинот на СП е меѓу ТОП 16, тогаш и 16 место ќе носи пласман на СП.
Доколку Македонија дојде до барем една победа во следните три меча, тогаш ќе се пласира и на СП за кадети во 2027 година.
Кои ќе бидат следните ривали на нашите ракометари ќе бидат познати вечерва по комплетирањето на последните средби од главната рунда на ЕП во Србија.

