РК Вардар ги информира навивачите дека има промени во распоредот за два натпревара од групната фаза во ЕХФ Лигата на шампионите.
Домашниот од 2. коло против Нант, кој ќе се игра на 16 септември во СЦ „Јане Сандански“, наместо во 20:45 часот, ќе започне во 18:45 часот. Промена има и за гостувањето кај Висла Плоцк во 4. коло. Натпреварот, кој претходно беше закажан за 15 октомври, според новиот распоред ќе се игра на 14 октомври, со почеток од 18:45 часот.
Останатиот дел од распоредот останува непроменет. Клубот објави дека дополнително ќе ги информира навивачите за сите детали поврзани со влезниците и организацијата на домашните натпревари.

