Македонија, Србија и Словенија, ќе поднесат заедничка кандидатура за домаќини на Европското првенство во ракомет во сениорска конкуренција за мажи. Тоа го потврди првиот човек на српскиот ракомет, Божидар Ѓурковиќ.
„Во изминатите денови имавме три состаноци со претставниците на федерациите на Македонија и Словенија и начелно се договоривме. Пред официјално да ја објавиме заедничката кандидатура, потребна ни е согласност“ – рече Ѓурковиќ.
Договорот е Европското првенство да се игра во три држави во секоја да има по две групи а Србија да биде домаќин на финалниот викенд

