Раул Фернандез ја обезбеди втората победа во Мото ГП и тоа на патеката – „Силверстон“ за Големата награда на Велика Британија.
Триумфот на Шпанецот дојде само неколку дена откако го продолжи договорот со тимот на „Trackhouse Racing“ за уште две години. Второто место го обезбеди неговиот сонародник Хорхе Мартин а третото Марко Бецеки од Италија.
Во генералниот пласман води Мартин со 220 бодови пред Јапонецот Огура кој има 203 додека Бецеки го држи третото место со 193 бодови.

