Дубаи се обидува да постигне договор со Олимпијакос за трансфер на кошаркарот, Томас Волкап, најавува „БеБаскет“.
Наводно, клубот упатил нова понуда до грчкиот тим вредна приближно 1 милион долари. Поентерот, Џастин Андерсон, исто така може да биде вклучен во договорот. Волкап игра за Олимпијакос од 2021 година.
Тој освои неколку титули во грчкото првенство и во купот а победи и во Евролигата во претходната сезона.

