Дејан Станковиќ веројатно ќе го напушти кормилото на фудбалскиот состав Црвена Ѕвезда по вчерашната елиминација од Хапоел Бер Шева во квалификациите за Лигата на шампионите.
Белграѓани иако се гледаа како фаворити во двомечот со Израелците, на крајот беа елиминирани со убедливи 3-0 по двата меча.
Според информациите од Србија, Станковиќ веднаш по натпреварот поднел оставка од функцијата но, челниците на тимот не се расположени да ја прифатат.

