Во рамки на завршните подготовки за настапот на Македонската олимписка делегација на Медитеранските игри Таранто 2026, Македонскиот олимписки комитет денеска организираше едукативен ден за спортистите и членовите на придружниот персонал на делегацијата.

Преку двете интерактивни сесии, членовите на делегацијата добија практични информации и знаења кои ќе им помогнат полесно да се справат со предизвиците што ги носи настапот на голем меѓународен спортски настан – од препознавање и избегнување на ризици поврзани со анти-допинг правилата, до подобра концентрација, справување со притисокот и одржување на менталната стабилност пред и за време на натпреварите.


На Медитеранските игри Таранто 2026 Македонија ќе биде претставена со делегација од 130 членови, од кои 90 се спортисти кои ќе настапат во 19 од вкупно 33 спортови.


