Во текот на денов ќе старува 54-то издание на меѓународниот традиционален ракометен турнир – „Струга 2026“.
Во групата „Б“ ќе бидат шампионот Вардар, скопски Бутел и Прилеп додека во групата „А“ ќе играат српскиот состав Дубочица од Лесковац заедно со домаќинот Струга и екипата на ГРК Охрид.
Според програмата, попладнево од 18.30 часот ќе се сретнат Вардар и Прилеп додека од 21.00 ќе играат домаќинот и охриѓани. Меѓу двата меча ќе биде свеченото отворање.

