Поранешниот кошаркар на Барселона, Мајлс Кејл, кариерата ќе ја продолжи во составот на Вилербан.
Францускиот клуб го објави потпишувањето на договорот со 27 годишникот кој е висок 198 см. Американецот во претходната сезона играше за Барселона. Таму го имаше дебито во Евролигата.
Црномурестиот поентер реализираше 37 натпревари со просек од 5,9 поени и 2,1 скока.

