Author: dino

Претседателот на Интер, Бепе Марота, категорично ги негира гласините дека фудбалерот, Лаутаро Мартинез може да замине во редовите на шпанската Барселона. Неговата реакција доаѓа по серијата на шпекулации дека Каталонците ќе испратат понуда за аргентинскиот напаѓач. „Пред сè, Лаутаро Мартинез е наш капитен и ја претставува актуелната историја на Интер. Значи, сè што можам да кажам е дека едноставно не постојат услови тој да замине“ – рече Марота.

Read More
NBA

Челниците на Денвер веруваат дека ќе успеат да го разменат центарот, Зик Наџи, за да можат да го задржат лимитот за така наречениот данок на луксуз во НБА лигата. „Нагетси“ за да ја остварат целта веројатно ќе мора да додадат и драфт-пикови во договорот за да најдат тим кој е подготвен да го прифати 25-годишниот кошаркар. Договорот на Наџи е за една сезона по цена од 7,47 милиони долари а вклучува и опција за истата сума и за сезоната 2027-28.

Read More

Поранешниот англиски фудбалер, Гери Невил, верува дека Арсенал ќе ја одбрани титулата во Премиер-лигата. „Минатата недела мислев дека ќе биде најнепредвидлива сезона и дека ќе биде интригантна. Имаме нови менаџери, многу нови играчи и толку многу промени на врвот“ – вели Невил. „Арсенал треба да ја освои лигата без никакви проблеми. Видовме како Тотенхем е поразен, како Манчестер Јунајтед губи, како Ливерпул речиси губи, како Манчестер Сити се бори за победа дома…“ -истакна легендарниот играч.

Read More

Поранешниот наш фудбалски репрезентативец, Аријан Адеми, иако има договор со Ујпешт до летото во 2027 година, би можел да се врати во Хрватска, пренесува – „ТПортал“. Според наведеното за него се заинтересирани Горица и Рудеш. Адеми пристигна во Унгарија во 2025 година откако ја заврши одисејата во кинескиот клуб Пекинг Гуан. Поранешниот легендарен капитен на Динамо Загреб има играно и за екипите на Шибеник и Локомотива Загреб.

Read More

Борачите, Фати Вејсели и Реџеп Хајдари, се првите македонски спортисти кои обезбедија медал на Медитеранските игри – Таранто 2026. Тие се изборија за место во финалето со што најмалку обезбедија сребрен медал. Вејсели во категоријата до 74 килограми денеска во 18.40 часот ќе излезе на мегдан со Ислам Дудаев, албанскиот натурализиран репрезентативец. Хајдари кој настапува во категоријата до 97 килограми, вечер од 19,20 часот во битката за златото за противник ќе го има Даурен Куруглиев, кој настапува под грчко знаме. Третиот наш претставник во завршницата, Ахмад Магомедов, ќе атакува на бронза во категоријата до 86 килограми. Тој за противник ќе го…

Read More

Фати Вејсели и Реџеп Хајдари ќе се борат за злато на Медитеранските Игри во Таранто. Веjсели се пласираше во финалето со победата против Јасин Јесил од Турција со 5-3. Веднаш по него, финале избори и Реџеп Хајдари кој во полуфиналето славеше против Адлан Виханов од Франција со 3-2. Двајцата македонски борачи успеаја да си обезбедат најмалку сребрен медал. Нашиот главен адут на Игрите, таеквондист, Дејан Георгиевски, е запрен во 1 / 4  финалето откако загуби од Хусеин Демирчоглу (Турција) со 2-1. Вториот наш претставник, Филип Блажевски, не успеа да го помине првото коло.  Нашите мечувалци, Петар Дамјаноски и Огнен Бундалески…

Read More

Бранителот на тронот во Формула 1, Ландо Норис, победи на хаотичната трка за Големата награда на Холандија која беше прекината откако четирикратниот светски шампион Макс Ферстапен, излета од патеката и предизвика прекин. Второто место на подиумот го пополни Кими Антонели а третото Џорџ Расел. Бодови обезбедија и Хамилтон, Леклер, Пјастри, Лосон, Хулкенберг, Алонсо, Гасли. По пауза од 14-ет денови, наредната трка ќе биде на легендарната патека – „Монца“ за ГН на Италија.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Јувентус, Лучијано Спалети,  одговори на гласините за можен трансфер на напаѓачот, Кенан Јилдиз, кој влегува во радарот на англиските клубови Арсенал и Челзи. „Неговата иднина е во Јувентус. Сите ние – јас, раководството, клубот и самиот играч – сакаме тој да го оствари својот потенцијал“ – рече Спалети за официјалната веб-страница на клубот. Јилдиз се приклучи на Јувентус во 2022 година како слободен агент од Баерн Минхен. Неговиот договор е до јуни 2030 година.

Read More

Челниците на Манчестер Јунајтед сè уште го гледаат левиот бек на Њукасл, Луис Хол, како главна цел за засилување на таа позиција. Сепак, „Црвените ѓаволи“ ќе мора да го направат најскапиот трансфер за лев бек во историјата за да ги убедат „враните“ да го продадат. Медиумите денеска проценуваат дека екипата од „Олд Трафорд“ нема да понуди околу 70 милиони фунти (82 милиони евра) за 21-годишниот дефанзивец.

Read More

Напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн, е прогласен за играч на годината во Германија во анкета организирана од спортското списание – Кикер. Кај тренерите победи Винсент Компани кој ги предводи Баварците додека дефанзивецот на Баерн, Џулија Гвин, е прогласена за играч на сезоната. Капитенот на Англија, Кејн, доби 272 гласа, додека неговиот француски соиграч, Михаел Олисех, доби 203. Кејн во претходната сезона постигна 61 гол на 51 натпревар. Тој е исто така меѓу фаворитите за Златната топка.

Read More