Поранешниот англиски фудбалер, Гери Невил, верува дека Арсенал ќе ја одбрани титулата во Премиер-лигата.
„Минатата недела мислев дека ќе биде најнепредвидлива сезона и дека ќе биде интригантна. Имаме нови менаџери, многу нови играчи и толку многу промени на врвот“ – вели Невил.
„Арсенал треба да ја освои лигата без никакви проблеми. Видовме како Тотенхем е поразен, како Манчестер Јунајтед губи, како Ливерпул речиси губи, како Манчестер Сити се бори за победа дома…“ -истакна легендарниот играч.

