Челниците на Денвер веруваат дека ќе успеат да го разменат центарот, Зик Наџи, за да можат да го задржат лимитот за така наречениот данок на луксуз во НБА лигата.
„Нагетси“ за да ја остварат целта веројатно ќе мора да додадат и драфт-пикови во договорот за да најдат тим кој е подготвен да го прифати 25-годишниот кошаркар.
Договорот на Наџи е за една сезона по цена од 7,47 милиони долари а вклучува и опција за истата сума и за сезоната 2027-28.

