Тренерот на фудбалерите на Јувентус, Лучијано Спалети, одговори на гласините за можен трансфер на напаѓачот, Кенан Јилдиз, кој влегува во радарот на англиските клубови Арсенал и Челзи.
„Неговата иднина е во Јувентус. Сите ние – јас, раководството, клубот и самиот играч – сакаме тој да го оствари својот потенцијал“ – рече Спалети за официјалната веб-страница на клубот.
Јилдиз се приклучи на Јувентус во 2022 година како слободен агент од Баерн Минхен. Неговиот договор е до јуни 2030 година.

