Author: dino

Жозе Мурињо по убедливата победа на Реал Мадрид од 4-1 против Реал Сосиедад, имаше само пофални зборови за ѕвездата на вечерта, Килијан Мбапе, кој успеа да постигне хет-трик. „Има нешто што не сакам да го правам но, понекогаш морам: не сакам да зборувам за поединци но, тоа што го направи Килијан вечерва беше лудило. Мбапе има неверојатен осет за постигнување голови и за креирање шанси“ – рече Португалецот. „Кога тимот е под притисок, тој знае да се врати длабоко назад, да се поврзе со Винисиус и Џуд, да освои простор и да создаде опасност пред противничкиот гол“ – изјави Мурињо.

Read More

Легендарниот напаѓач на „црвените ѓаволи“, Вејн Руни, имаше пофални зборови за Карлос Балеба кој го засили составот на Манчестер Јунајтед. „Навистина ми се допаѓа. Ни треба уште еден играч од средниот ред. Тој го покрива теренот навистина добро, агресивен е, ја зема топката а тоа ни треба“ – рече Руни. „Тој е играч кој значајно ќе го подобри тимот. Ќе биде интересно со Тилеманс, Сантош и Мајну“. Конкуренција е силна но, ќе биде и мотивирачка“ – рече Руни.

Read More

Во викендот пред нас во Илирска Бистрица – Словенија, Игор Стефановски – Иџе го има првиот официјален настап со новиот болид, ултрамоќен, специјално конструиран прототип Nova Proto NP01, често нарекуван и Норма, чија технологија е блиска до болидите од Формула. „Словенија ќе биде мојот најнов предизвик. Ќе се тркам со мојот нов болид. Сакам да ги почувствувам неговите перформанси. Затоа и одлучив да се тркам вo Илирска Бистрица“ – изјави Иџе. „Влегувањето во нова категорија, ќе бара и сосема нов поразличен стил на возење, огромна физичка подготвеност и максимална концентрација“ – вели Стефановски.

Read More

Нашата делегација на Игрите во Таранто поднесе жалба поради нереалната елиминација на боксерот, Ален Рустемовски, во полуфинална борба со Хернандез од Шпанија. Имено, македонскиот претставник беше далеку подобар во рингот но, судиите изгласаа победа на противникот со 4-1. Единствено Рахманов од Азербејџан додели победа за македонскиот боксер а другите четворица беа со спротивно мислење. „Во моментов се поднесува официјална жалба до светската боксерска федерација од страна на генералниот секретар на МОК како и Боксерска федерација на Македонија. Според правилата, тие имаат обврска до крајот на денот да не известат дали ќе се поведе дисциплинска и евентуална промена на одлуката околу…

Read More

Македонија освојува уште еден медал на Медитеранските Игри во Таранто. Денеска во финалната програма на натпреварите во борење слободен стил во женска конкуренција, бронзен медал за Македонија обезбеди Вероника Консевиќ. Таа во малото финале во категоријата до 57 килограми славеше над Милица Петровиќ од Србија со 7:5 и успеа да го освои бронзениот медал. Интересно е што и покрај тоа што неодамна на свет го донесе своето прво дете, Вероника собра храброст и со голем апожртвуваност успеа да дојде до голем медал.

Read More

Македонската сениорска репрезентација го одработи првиот собир во „Т Арена“ во Скопје, со што и официјално започна краткиот подготвителен период за гостувањето кај Австрија во рамките на втората рунда од претквалификациите за Евробаскетот 2029. Селекторот Хозе Мариа Берокал на располагање има речиси комплетен состав, а токму ростерот со кој Македонија ќе настапи во Виена беше една од темите на разговор со предводникот на националниот тим. Дали на средбата со Австрија ќе го видиме најдоброто можно издание на Македонија во овие претквалификации? „Би се рекло дека е така, односно веројатно го имаме најдобриот ростер. Во овој момент имаме на располагање 14…

Read More

Македонскиот боксер Ален Рустемовски ќе се бори за медал на Медитеранските игри во Таранто откако обезбеди пласман во полуфиналето во категоријата до 60 килограми. Нашиот репрезентативец делуваше моќно во четвртфиналето во кое за противник го имаше Албанецот Зенели, борба што заврши со доминација на Рустемовски и нокаут во третата рунда. Македонскиот репрезентативец во полуфиналето ќе се сретне со Шпанецот Андрес Марин Хернандез, кој славеше со 5-0 во својата четвртфинална борба во која за ривал го имаше Плеас од Грција.

Read More

Во организација на Кошаркарската федерација на Македонија, на 24 и 25 август во Скопје се одржа – „Тренерската клиника“ која на едно место обедини реномирани кошаркарски стручњаци, тренери од македонските клубови, како и голем број љубители на кошарката. Посебна чест за македонската кошарка беше присуството на еден од најголемите европски тренерски авторитети, Светислав Пешиќ, кој своето огромно знаење и искуство го пренесе преку темите „Дефанзивна транзиција“ и „Позициона одбрана“. Селекторот на македонската сениорска репрезентација, Хосе Мариа Берокал, ја обработи темата „Офанзивна транзиција“, додека Саша Грујиќ преку две предавања се осврна на развојот на офанзивната тимска игра и индивидуалните вештини во…

Read More

Кошаркарската федерација на Македонија објави дека Комисијата за лиценцирање врз основа на доставената документација, утврдила дека се исполнети пропишаните услови за учество во Првата лига – жени за натпреварувачката сезона 2026/27. Тоа значи дека лигата ќе брои осум екипи.Крива Паланка – Крива ПаланкаБадел 1862 – СкопјеБаскет Кам – Македонска КаменицаВардар – Скопје        Пробаскет – КавадарциМЗТ Скопје Аеродром – СкопјеПатриот 2016 – ДелчевоГевгелија – Гевгелија Кошаркарската федерација на Македонија, преку своите надлежни органи и комисии, континуирано ќе го следи исполнувањето на сите пропишани услови за учество во системот на натпреварување и доколку утврди неисполнување на некој од тие услови, ќе постапи согласно…

Read More

Вардар обезбеди нов фудбалер за продолжението на сезоната, тоа е Сирики Дијабате. 23-годишникот од Брегот на Слоновата Коска ќе настапува на позицијата централен дефанзивец.Тој доаѓа од екипата на Муаитер од Втората лига на Катар. Претходно има играно и во Бугарија, во екипите на Ботев Пловдив и на Ботев Враца. Диаките е висок 192 сантиметри, има одлични физичките предиспозиции и ќе биде нова опција во одбранбената линија на „црвено-црните“, стои на фејсбук профилот на Вардар.

Read More