Кошаркарската федерација на Македонија објави дека Комисијата за лиценцирање врз основа на доставената документација, утврдила дека се исполнети пропишаните услови за учество во Првата лига – жени за натпреварувачката сезона 2026/27.
Тоа значи дека лигата ќе брои осум екипи.
Крива Паланка – Крива Паланка
Бадел 1862 – Скопје
Баскет Кам – Македонска Каменица
Вардар – Скопје
Пробаскет – Кавадарци
МЗТ Скопје Аеродром – Скопје
Патриот 2016 – Делчево
Гевгелија – Гевгелија
Кошаркарската федерација на Македонија, преку своите надлежни органи и комисии, континуирано ќе го следи исполнувањето на сите пропишани услови за учество во системот на натпреварување и доколку утврди неисполнување на некој од тие услови, ќе постапи согласно важечките акти и прописи на Федерацијата

