Жозе Мурињо по убедливата победа на Реал Мадрид од 4-1 против Реал Сосиедад, имаше само пофални зборови за ѕвездата на вечерта, Килијан Мбапе, кој успеа да постигне хет-трик.
„Има нешто што не сакам да го правам но, понекогаш морам: не сакам да зборувам за поединци но, тоа што го направи Килијан вечерва беше лудило. Мбапе има неверојатен осет за постигнување голови и за креирање шанси“ – рече Португалецот.
„Кога тимот е под притисок, тој знае да се врати длабоко назад, да се поврзе со Винисиус и Џуд, да освои простор и да создаде опасност пред противничкиот гол“ – изјави Мурињо.

