Во викендот пред нас во Илирска Бистрица – Словенија, Игор Стефановски – Иџе го има првиот официјален настап со новиот болид, ултрамоќен, специјално конструиран прототип Nova Proto NP01, често нарекуван и Норма, чија технологија е блиска до болидите од Формула.

„Словенија ќе биде мојот најнов предизвик. Ќе се тркам со мојот нов болид. Сакам да ги почувствувам неговите перформанси. Затоа и одлучив да се тркам вo Илирска Бистрица“ – изјави Иџе.

„Влегувањето во нова категорија, ќе бара и сосема нов поразличен стил на возење, огромна физичка подготвеност и максимална концентрација“ – вели Стефановски.

