Англиски Челзи објави продолжување на договорот со напаѓачот Жоао Педро. Новиот договор на 24-годишниот Бразилец е со важност до 2034 година.
Педро е во Челзи од летото 2025 година.
„Многу сум среќен што потпишав нов договор со Челзи. Отсекогаш сонував да играм за голем клуб и многу ми значи да се обврзам долгорочно на овој тим. Челзи има долгогодишна победничка традиција и големи амбиции за иднината. Имам одличен однос со сите во клубот и се чувствувам како дома во Лондон уште од првиот ден“, рече Педро.

