Тренерот на кошаркарите на Торонто, Дарко Рајаковиќ, изјави дека младиот центар од Франција, Виктор Вембањама, има потенцијал да ја промени кошарката.
„Виктор Вембањама е уникатен играч, не станува збор само за неговата висина или вештина. Тој е неверојатно фокусиран и мотивиран. Знае кон што се стреми.“ – рече Рајаковиќ.
„Мислам дека тој ќе биде еден од играчите кои ќе ја променат играта. Тој би можел да стане најдобриот кошаркар во историјата“ – рече тренерот на Торонто.

