Фудбалскиот клуб, Тиквеш, ќе мора да плати 5.000 евра поради националистички скандирања од трибините и фрлање предмети на теренот на натпреварот против Шкендија Арачиново 77 во 3-то коло од прволигашкото друштво.
Струга Трим Лум АД е казнета со 2.000 евра поради пропусти во организацијата на мечот односно необезбедување паркинг простор за гостинската екипа, како и поради несоодветно обележување на линиите на теренот.
Дисциплинската комисија изрече суспензии и за фудбалерите кои беа исклучени поради втор жолт картон. Играчот на Беласица, Димитриј Димитриевски и Зоран Ивановски од АП Брера Струмица, ќе паузираат по еден меч.

