Author: dino

Египетската фудбалска асоцијација потврди дека Хосам Хасан кој имаше забележителен настап на последниот Мундијал, ќе остане на кормилото на репрезентацијата до 2030 година. „Тој донесе нова енергија и визија во тимот. Веруваме дека под негово водство ќе постигнеме уште поголем успех“ – рече претседателот на организацијата. „За мене е чест да продолжам да ја водам египетската репрезентација. Имаме состав со кој можеме да постигнеме многу“  – рече легендата на египетскиот фудбал кој е воедно и најдобар стрелец во историјата на „фараоните“.

Read More

Шестото издание на „Стопанска Триоги Триатлон Куманово 2026“ ќе се одржи на 27 септември со старт и цел на Градскиот базен. Минатата година имаше вкупно 300 учесници од повеќе држави. (Романија, Словенија, Украина, Бугарија, Србија, Хрватска, Косово и други.) Годинава се очекува силна меѓународна конкуренција со поголема бројка на учесници. Во рамки на настанот ќе се одржат натпревари во повеќе категории и возрасни групи, со различни дистанци: Сениори / јуниори / рекреативци: 750 м пливање – 20 км велосипед – 5 км трчање. Кадети: 375 м – 10 км – 2,5 км, Деца 2: 175 м – 5 км – 1,25 км…

Read More

Нашиот каратист, Матеј Белистојановски, го освои првиот златен медал за Македонија на Медитеранските игри во Таранто, Италија. Т ој во финалето во  кумите во категоријата до 67 килограми беше подобар од Хрватот, Боран Берак, со 6-0. Белистојановски на патот до златото ги совлада: Алмасалмех (Сир), Мареска (Ита) и Балиотис (Грц).

Read More

Македонскиот каратист Матеј Белистојановски обезбеди пласман во финалето на Медитеранските игри во Таранто, во категоријата до 67 килограми. Белистојановски блеска во борбите и до финалето стигна со три убедливи победи. Во осминафиналето македонскиот репрезентативец го совлада Алмасалмех од Сирија со 6:1, а во четвртфиналето беше подобар од Италијанецот Мареска со 2:0. Во полуфиналето следуваше уште една сигурна победа, овојпат против Балиотис од Грција со 5:1. За златниот медал Белистојановски ќе се бори против Боран Берак од Хрватска. Македонскиот каратист има можност настапот во Таранто да го круниса со најсјајното одличје и да ја продолжи успешната серија со уште еден голем…

Read More

Бојан Миовски е на излезна врата од Ренџерс, а нова опција за продолжување на кариерата е холандски Феенорд. Холандскиот клуб, предводен од поранешниот тренер на Ренџерс, Џовани ван Бронхорст, испратил првично барање за нашиот репрезентативец. Според информациите, клубот од Глазгов е подготвен да го пушти Миовски на позајмица доколку пристигнувањето на Келси биде финализирано. Во конкуренција за Миовски се споменува и Генчлербирлиги, кој покажал интерес за 27-годишниот напаѓач.

Read More

Шпанскиот тренер Роберто Морено е именуван за привремен селектор на фудбалската репрезентација на Јужна Кореја. Четириесет и осумгодишниот стратег го наследува Мјунг Бо Хонг, кој поднесе оставка по елиминацијата на Корејците во групната фаза на Светското првенство. Морено потпиша краткорочен договор и ќе ја предводи репрезентацијата на шест натпревари до крајот на ноември. Првите четири се закажани против Еквадор, Уругвај, Венецуела и Узбекистан, додека за ноемврискиот термин КФА дополнително бара противници. Шпанецот има искуство и како селектор на Шпанија, каде што во 2019 година привремено го замени Луис Енрике. Во тренерската кариера работел и во Монако, Гранада и руски Сочи,…

Read More

Џек Грилиш повторно ќе го облече дресот на Евертон, откако Манчестер Сити постигна договор за нова едногодишна позајмица на англискиот офанзивец. Според „Атлетик“, Грилиш во вторник треба да ги мине лекарските прегледи, по што трансферот ќе биде официјализиран. За услугите на 30-годишниот фудбалер имаше интерес и од други премиерлигаши, меѓу кои Сандерленд, но Евертон бил прва опција и за самиот Грилиш. Англичанецот минатата сезона веќе играше на „Гудисон парк“, каде што на 22 натпревари во сите конкуренции постигна два гола и забележа шест асистенции. Грилиш во Манчестер Сити пристигна во 2021 година од Астон Вила за рекордни 100 милиони фунти,…

Read More

Ламин Јамал постигна два гола во победата на Барселона над Рајо Ваљекано со 5:2 синоќа и стигна до голем јубилеј во кариерата. 19-годишниот крилен напаѓач го постигна својот 50. гол во дресот на каталонскиот клуб, со што стана најмладиот фудбалер во историјата на Барселона на кого му успеало тоа. Јамал до јубилејот стигна на само 19 години, две години порано од Лионел Меси кога Аргентинецот го постигна својот 50. гол за Барселона. Дополнително, голот против Рајо беше негов прв во последните девет натпревари за клубот.

Read More

Лионел Меси објави дека ја завршува репрезентативната кариера и повеќе нема да игра за Аргентина. Капитенот на „гаучосите“ одлуката ја соопшти преку емотивна порака на социјалните мрежи, по повеќе од 20 години во националниот тим. Меси зад себе остава повеќе од 200 настапи, еден освоен Мундијал и две титули на Копа Америка. Одлуката доаѓа по финалето на Светското првенство во 2026 година, во кое Аргентина го освои второто место. „По долго размислување решив да се повлечам од репрезентацијата. Одлуката боли во душата, но чувствувам дека дојде вистинскиот момент. Секогаш давав сè за овој дрес и секогаш ќе ја сакам Аргентина.…

Read More

Македонија со стил ја отвори втората рунда од претквалификациите за Евробаскет 2029. Нашата најдобра машка селекција на гостински терен во Виена ја совлада Австрија со убедливи 91:59, во натпревар во кој од самиот почеток ја презеде контролата и не му дозволи на противникот да се врати во игра. Еден од најзаслужните за убедливиот триумф беше Виктор Ефремовски. Младиот македонски репрезентативец одигра одличен натпревар и со својата ефикасност даде значаен придонес во големата победа, со што беше и најефикасен македонски кошаркар на средбата во Виена. Но, според Ефремовски, клучот за триумфот не беше индивидуалниот учинок, туку начинот на кој функционираше целиот…

Read More