Author: dino

Претседателот на МОК, Даниел Димевски го оцени настапот на Игрите во Таранто како исклучително успешен, посочувајќи дека шесте медали се потврда за квалитетот на македонските спортисти и за нивната посветена работа. „Овие одличја се освоени со огромен труд на спортистите, нивните тренери и федерациите, а се радост за целата македонска јавност. Македонскиот олимписки комитет ги овозможи сите услови на овие медитерански игри а нивниот настап потврдува дека Македонија има спортисти кои можат да се борат за највисок пласман на големи меѓународни натпревари“, истакна Димевски. Посебно место во македонскиот настап во Таранто има Матеј Белистојановски, кој го освои златниот медал во…

Read More

Ракометарите на Вардар денеска од 20.45 часот ќе се појавата на теренот на Мелсунген во првото коло од новата сезона во Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ по пет години се враќаат во елитата со надеж дека ќе може по трет пат да го освојат европскиот трон. Тренерот, Иван Чупиќ, се соочува со одредени кадровски проблеми а посебно со отсуството на бекот, Урош Митровиќ. Српскиот интернационалец нема да настапи во Германија бидејќи ја одработува суспензијата од претходната сезона.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Галатасарај, Окан Бурук, изрази незадоволство од судиската екипа предводена од Еспен Ескас по поразот од Спортинг Лисабон во меч од Лигата на шампионите. „Постигнавме рано гол и ја контролиравме топката и играта. Создававме шанси и ги притискавме на нивната половина. Сè одеше добро, но нивниот единствен удар во рамките на голот резултираше со израмнување“ – коментираше Бурук. „Добро го почнавме и второто полувреме. Но, пеналот, се жалиме на такви работи во Турција а еве тука норвешки судија. Не покажа црвен картон кога требаше а досуди непостоечки пенал – тоа го скрши духот на нашиот тим“ –…

Read More

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, го коментираше поразот од Арсенал во Лигата на шампионите изразувајќи задоволство од дефанзивната игра на неговиот тим. „Одигравме добар натпревар против еден од најсилните тимови во Европа. Првиот дел беше многу израмнет но, тие го зголемија темпото во вториот дел“ -изјави Алегри. „Знаевме дека ќе биде тежок натпревар. Кога се браниме така на противниците им е тешко да постигнат гол. Понекогаш преголемата желба води до грешки“ – нагласи тренерот на Наполи.

Read More
NBA

Кошаркарскиот состав на Лос Анџелес Лејкерс ќе го ангажира Ерик Амслер како помошник генерален менаџер, објави инсајдерот на „ESPN“, Шамс Чаранија. Кошаркарскиот работник помина повеќе од 22 години во Мајами Хит работејќи на повеќе различни позиции. Тој сега ќе биде помошник генерален менаџер на „езерџиите“ и ќе работи заедно со Рохан Рамадас.

Read More
NBA

Инсајдерот, Мајкл Скот, објави дека кошаркарот, Бен Симонс, нема загарантиран договор со екипата на Сакраменто Кингс иако претходно беше објавено дека истиот е за една година и 3,5 милиони долари. Имено, ако Симонс остане со „Кингс“ за отворањето на сезоната, ќе му биде платен 1 милион долари од вкупната сума. 30-годишниот плејмејкер, поради повреда, ја пропушти претходната сезона во најсилната кошаркарска конкуренција на светов.

Read More

Шампионот во Формула 1 од 2016 година, Нико Розберг, проговори за лошите одлуки што ги донесе возачот Астон Мартин, Фернандо Алонсо. „Фернандо останува еден од најдобрите возачи на сите времиња. Можете да го споредите со Строл, кој е сè уште многу брз. Ленс е способен да заврши меѓу првите шест во вистинскиот автомобил“ – рече Розберг. „Фернандо Алонсо направи погрешни тимски избори во последните 17 години. Доколку не беа неговите лоши одлуки, лесно ќе освоеше пет титули“ – потенцираше Германецот.

Read More

Манчестер Јунајтед денеска ќе го пречека азербејџанскиот тим Сабах на „Олд Трафорд“ во натпревар од првото коло на Лигата на шампионите. Двата тима досега не се сретнале во европските купови. За „црвените ѓаволи“ тоа ќе биде јубилеен, 300-ти натпревар во елитата на Европа додека за Сабах дебитантски настап во главната фаза на најпрестижното клупско натпреварување на Стариот континент. Манчестер Јунајтед досега не се соочил со тим од Азербејџан во европските натпреварувања. Од друга страна, англиските клубови имаат одличен биланс против противниците од таа земја – 10 победи и 1 нерешен резултат на 11 натпревари.

Read More

Актуелниот бранител на тронот во Лигата на Шампионите, ПСЖ, имаше импресивен старт на новата сезона. Французите вчера на домашен терен го совладаа составот на Слован Братислава со убедливи  6:1 . Тоа предизвика задоволство кај тренерот, Луис Енрике. „Направивме одлична работа, одигравме многу добар натпревар. Атмосферата на „Паркот на принцовите“ во Лигата на шампионите секогаш е неверојатна, но денеска беше посебна“ – вели Енрике.

Read More

Македонските одбојкари со пораз го започнаа настапот на Европското првенство откако загубија во Софија од домаќинот Бугарија со 3-0 по сетови 25:17, 25:19 и 25:18.Главниот фаворит во нашата група сосема очекувано ја потврди супериорноста во поголемиот дел од мечот иако и избраниците на селекторот, Миленковски, има блескави моменти.Во нашиот табор се издвои Никола Ѓоргиев со 8 поени пред Љафтов и Савовски кои имаа по 5 реализации. Кај домаќинот лидер беше Александар Николов со 19 поени пред Бардаров со 15.

Read More