Инсајдерот, Мајкл Скот, објави дека кошаркарот, Бен Симонс, нема загарантиран договор со екипата на Сакраменто Кингс иако претходно беше објавено дека истиот е за една година и 3,5 милиони долари.
Имено, ако Симонс остане со „Кингс“ за отворањето на сезоната, ќе му биде платен 1 милион долари од вкупната сума.
30-годишниот плејмејкер, поради повреда, ја пропушти претходната сезона во најсилната кошаркарска конкуренција на светов.

