Maкедонската репрезентација во кик-бокс се враќа со 4 златни и еден сребрен медал од Светскиот Куп во Будимпешта.

На највисокото место на пиедесталот се искачија: Пепи Велков, Исмаил Туркер, Андреј Смилевски и Калин Бабовски додека Радослав Велески обезбеди сребро. Задоволството од успехот не го крие селекторот, Дејан Митровски – Урко.




„Oвие млади натпреварувачи и уште десетина кои поради повреди беа спречени да настапат на овој Светски куп, се новите ѕвезди во македонскиот кик-бокс. Сега ни останува да извадиме максимум злата на престојното Светско јуниорско првенство од 18 до 27 септември“ – вели селекторот Митровски.


