Стратегот, Лучијано Спалети, не крие дека е задоволен од победата на неговиот Јувентус против Парма со 2-0 во меч од 2 коло во Серија „А“.
„Мене ми се допадна првото полувреме. Вистина е дека бевме малку хаотични. Среќен сум што толку долго правевме притисок врз нашите противници. Создадовме многу ситуации“ – рече Спалети и се насочи кон повредата на Турам.
„Доколку се потврди ситуацијата со Турам, тогаш ни треба играч во средниот ред. Нашите директори ќе бараат алтернатива“ – потенцираше тренерот на „старата дама“.

