Нашите најдобри кошаркари очекувано со победа го започнаат вториот дел од претквалификациите за Европското првенство во 2029 година.
Тие денеска во групата „Ф“ славеа преубедливо на гостувањето кај Австрија со 91 спрема 59 откако имаа целосна доминација на теренот. Кај на Ефремовски постигна 17 поени, а ненад Димитријевиќ запиша историски трипл-дабл во рпрезентативниот дрес од 15 поени, 14 скока и 11 асистенции. Кај домаќинот Капич, Кепер и Ланмулер постигнаа по девет.
Македонија во наредното коло на 26 ноември ќе биде домаќин на Кипар кој претходно славеше против Австријците.

