Трансферот на Франк Кеси во Јувентус е пред откажување, откако двете страни не успеаја да постигнат договор за условите на соработката. Според информациите на италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио, 29-годишниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска му соопштил на торинскиот клуб дека нема да го потпише понудениот договор.
Јувентус на Кеси му понудил годишна плата од 3,5 милиони евра, сума која клубот не бил подготвен дополнително да ја зголеми. Проблемот, сепак, се појавил и околу третата година од договорот, односно условите под кои таа би била активирана и платата на фудбалерот во таа сезона.
Кеси летово беше силно поврзуван со враќање во Италија, а интерес за него покажува и Рома. Иако Јувентус долго време беше во пол-позиција за неговиот потпис, преговорите сега се прекинати.

