Аргентинскиот тенисер, Маријано Навоне, ноќеска го победи Србинот, Новак Ѓоковиќ во првото коло на Отвореното првенство на САД.
Toj пo 4 часа и 40 минути славеше со 3:2 – по сетови 7:6 (7:5), 5:7, 4:6, 6:2 и 6:1. Ѓоковиќ кој има 24 пехари од Грен Слем турнирите, се чувствуваше лошо за време на првиот сет и побара медицински тајм-аут.
Тоа е прв пат по дваесет години Ѓоковиќ да биде елиминиран во првото коло на еден од четирите Грен Слем турнири.

