Лидерот на Чикаго, Џош Гиди, ги оцени изгледите на ажурираниот тим во новата сезона во НБА лигата.
„Не е тајна дека Источната конференција е многу силна но, имаме добар состав: ветерани, млади момци, играчи кои имаат искуство од плејофот. Задоволен сум од тоа што го имаме во соблекувалната“ – рече Гиди.
„Сите сме тука за да стигнеме до плејофот. Навивачите го бараат тоа. Наша работа е да излегуваме на теренот и да им го даваме тој резултат секоја вечер“ – потенцираше Гиди.

