На 84-годишна возраст, почина едно од најистакнатите македонски фудбалски имиња во историјата, легендата на скопски Работнички, Томче Филиповски. Тој цели 18 години го носеше дресот на Работнички, период во кој одигра 633 натпревари и постигна 225 голови. Во сезоната 1971/72 беше најдобар стрелец во Втората југословенска лига. По завршувањето на играчката кариера, Томче Филиповски продолжи активно да придонесува за развојот на фудбалот, како истакнат спортски работник и функционер.
Author: dino
Од 18 до 20 септември, Бузет, Хрватска, ќе биде домаќин на големото финале на „FIA“ Европскиот шампионат на ридски патеки (FIA EHCC). По одличниот настап и успешниот старт со новиот прототип „Нова прото“ во Словенија, Иџе сега го насочува фокусот кон култната трка – „45 Buzetski dani 2026“, за која се пријавени 242 возачи а во Категорија 2, во која настапува Иџе се и дел од најдобрите имиња од европската елита. „Очекуваме добар резултат и сакаме таму да ја продолжиме оваа убава европска приказна. Бузет има посебно место во мојата кариера“, вели Иџе кој токму на оваа патека минатата сезона…
Тренерот на Манчестер Сити, Енцо Мареска, не крие дека е задоволен по одличната серија на победи во сите конкуренции. „Не се задржувам на фактот дека остваривме шест победи бидејќи тие се минато. Многупати сум рекол дека не гледам подалеку од една недела. Во нашата работа, многу нешта можат да се променат“ – рече Мареска.„Кога ја почнавме сезоната, не размислував за тоа каде ќе бидеме по шест или седум натпревари. Прво размислував за Арсенал, потоа за Борнмут и така натаму“ – вели Мареска.
Стратегот на клупата на Рома, Џан Пјеро Гасперини, не очекувал таков супериорен старт на сезоната во Серија „А“. Неговите избраници ги добија сите четири мечеви со само еден примен гол. „Волчицата“ во текот на викендот ја очекува дербито со Интер кој исто така има одличен почеток во шампионатот. „Повеќе се надевав на ваков почеток отколку што го очекував. Подолго сме заедно и подобро се познаваме. Тимот е полн со млади играчи и вредни искусни фудбалери “ – изјави Гасперини.
Тренерот на Јувентус, Лучано Спалети, се насочи на играта на Коло Муани откривајќи дека напаѓачот е длабоко фрустриран поради тоа што не постигнува голови. „ Муани ја поседува таа способност за продори во длабочина, што лесно се забележува кога има простор. Исто така, претрпе неколку удари и треба да научи како да се справи со физичките дуели“ – вели Спалети. „Треба да користи повеќе сила, бидејќи е силен и цврст играч. Многу тешко му паѓа тоа што не може да придонесе за тимот“ – искоментира тренерот на „старата дама“.
Ракометарите на Вардар во крајно драматична завршница загубија од Нант со 33-32 во меч од 2 коло во групата „Б“ во Лигата на шампионите.Во одлична атмосфера во СЦ Јане Сандански гледавме рововска битка на двата тима која практично ја одлучи одбраната на голманот Блонде во последната секунда од мечот. Кај домаќинот се наметна Абделхак со 10 голови додека Малус постигна шест. Вардар во наредното коло на 8 октомври ќе и биде домаќин на Висла Плоцк која пак, утре ќе го пречека Мерсунген. Французите по триумот во Скопје се лидери на табелата со 4 бодови пред германскиот тим кој има два.
Нашите најдобри одбојкари го совладаа Израел со максимални 3-0 во последниот нивни меч во групната фаза на Европскиот шампионат. Во салата во Софија, избраниците на селекторот, Јошко Миленковски, одиграа борбено, максимално пожртвувано и доминатно против селекцијата од „светата земја“ иако бодовите за нас немаа никакво значење. Македонија со денешната победа и претходно со четирите порази од Бугарија, Украина, Полска и Португалија, го заврши настапот на четвртиот европски-шампионат. Денешниот меч беше последен за Владо Милев, кој ја заврши репрезентативната кариера.
Со затворањето на листата на учесници, дефинирани се сите елементи за почеток на уште еден голем џудо настан во Скопје, Европскиот куп за сениори – Скопје 2026, што ќе се одржи на 19 и 20 септември. Натпреварите ќе бидат во салата „Јане Сандански“ од 9 до 19 часот а влезот е бесплатен. Свеченото отворање в сабота ќе биде во 16 часот. -Како резултат на досегашните високи оценки за нашата организација ја добивме привилегијата да го организираме и овој куп кој ќе биде најмасовен досега во рамките на ова натпреварување во било која европска земја. Да потсетам уште еднаш дека своето…
Македонскиот олимписки комитет денеска оствари работна средба со висока делегација на Светската е-спорт федерација (IESF), предводена од претседателот Влад Маринеску. Генералниот секретар на МОК, Ѓорги Тасев, потсети дека е-спортот во државава е признат од 2022 година а институционалната поддршка дополнително е потврдена со формирање на посебна комисија во рамки на Олимпискиот Комитет. „За нас како Македонски олимписки комитет ова е исклучително значајна средба со претседателот Маринеску а особено нè радува што во структурите на една ваква глобална организација се и Македонците Бобан Тотовски и Игор Недевски. МОК силно го поддржува е-спортот“ – изјави Тасев.
Еден од милениците на популарните „Комити“, ракометарот Јака Малус, вели дека Нант ќе биде голем предизвик во второто коло во Лигата на шампионите. Французите утре ќе гостуваат во Скопје во веројатно преполниот СЦ Јане Сандански. „Очекуваме тежок меч, бидејќи сите се силни во Лигата на шампионите. Очекуваме голема поддршка од нашите навивачи бидејќи знаеме што значи тоа за нас и за нашите противници. Немаме пораз дома повеќе од година дена и сакаме така да остане“ – изјави Малус. Ќе потсетиме дека Вардар, двократен европски првак, по пет години пауза повторно се врати во елитната конкуренција на Стариот континент.
