Тренерот на Јувентус, Лучано Спалети, се насочи на играта на Коло Муани откривајќи дека напаѓачот е длабоко фрустриран поради тоа што не постигнува голови.
„ Муани ја поседува таа способност за продори во длабочина, што лесно се забележува кога има простор. Исто така, претрпе неколку удари и треба да научи како да се справи со физичките дуели“ – вели Спалети.
„Треба да користи повеќе сила, бидејќи е силен и цврст играч. Многу тешко му паѓа тоа што не може да придонесе за тимот“ – искоментира тренерот на „старата дама“.

