На 84-годишна возраст, почина едно од најистакнатите македонски фудбалски имиња во историјата, легендата на скопски Работнички, Томче Филиповски.
Тој цели 18 години го носеше дресот на Работнички, период во кој одигра 633 натпревари и постигна 225 голови. Во сезоната 1971/72 беше најдобар стрелец во Втората југословенска лига.
По завршувањето на играчката кариера, Томче Филиповски продолжи активно да придонесува за развојот на фудбалот, како истакнат спортски работник и функционер.

