Еден од милениците на популарните „Комити“, ракометарот Јака Малус, вели дека Нант ќе биде голем предизвик во второто коло во Лигата на шампионите. Французите утре ќе гостуваат во Скопје во веројатно преполниот СЦ Јане Сандански.
„Очекуваме тежок меч, бидејќи сите се силни во Лигата на шампионите. Очекуваме голема поддршка од нашите навивачи бидејќи знаеме што значи тоа за нас и за нашите противници. Немаме пораз дома повеќе од година дена и сакаме така да остане“ – изјави Малус.
Ќе потсетиме дека Вардар, двократен европски првак, по пет години пауза повторно се врати во елитната конкуренција на Стариот континент.

