Од 18 до 20 септември, Бузет, Хрватска, ќе биде домаќин на големото финале на „FIA“ Европскиот шампионат на ридски патеки (FIA EHCC).

По одличниот настап и успешниот старт со новиот прототип „Нова прото“ во Словенија, Иџе сега го насочува фокусот кон култната трка – „45 Buzetski dani 2026“, за која се пријавени 242 возачи а во Категорија 2, во која настапува Иџе се и дел од најдобрите имиња од европската елита.

„Очекуваме добар резултат и сакаме таму да ја продолжиме оваа убава европска приказна. Бузет има посебно место во мојата кариера“, вели Иџе кој токму на оваа патека минатата сезона ја возеше 200-та трка во кариерата.

