Тренерот на Манчестер Сити, Енцо Мареска, не крие дека е задоволен по одличната серија на победи во сите конкуренции.
„Не се задржувам на фактот дека остваривме шест победи бидејќи тие се минато. Многупати сум рекол дека не гледам подалеку од една недела. Во нашата работа, многу нешта можат да се променат“ – рече Мареска.
„Кога ја почнавме сезоната, не размислував за тоа каде ќе бидеме по шест или седум натпревари. Прво размислував за Арсенал, потоа за Борнмут и така натаму“ – вели Мареска.

