Author: dino

NBA

Кошаркарот на Лос Анџелес, Лука Дончиќ, проговори за неговите шампионските амбиции во НБА конкуренцијата. „Сега сум Лејкерс. Не сум сигурен дали некогаш сум се замислил тука облечен во виолетов и златен дрес. Очајно го сакам тоа што го сака секој навивач на Лејкерс: да победувам. Нема да застанам додека не освоиме повеќе шампионати“ – вели интернационалецот од Словенија. Дончиќ во претходната сезона имаше просек од 33,5 поени, 8,3 асистенции и 7,7 скокови.

Read More
NBA

Кошаркарот на Далас, Дерек Лејвли, продолжува со рехабилитација. Тој одигра 43 натпревари во последните две сезони и полека влегува во последната година од договор. Центарот во декември беше подложен на уште една операција на стапалото и отсуствуваше до крајот на сезоната 2025/26. Дерек не доби дозвола да учествува во тренинг кампот на тимот кој ќе започне по три дена. Неговиот просек во кариерата е 8,4 поени, 7 скока и 1,5 блокади.

Read More

Поранешниот играч од средниот ред на Јувентус, Клаудио Маркизио, го осуди однесувањето на навивачите на „Бјанконерите“ кои одбија да му оддадат почит на Сандро Мацола, кој почина на 84-годишна возраст. Пред натпреварот од 5-то коло од Серија А меѓу Јувентус и Аталанта, играчите од двата тима и поголемиот дел од гледачите на стадионот „Алијанц“ му оддадоа почит на Мацола, кој целата кариера ја помина во Интер. Сепак, додека траеше минутата молчење, мала група навивачи на Јуве, свртени со грб кон теренот, почнаа недолично да скандираат.

Read More

Медиумите во Италија објавија дека тренерот на фудбалерите на Наполи, Масимилијано Алегри, реагирал крајно нервозно по ремито со Фиорентина во Серија „А“. Тој наводно удрил во ѕидот, остро ги критикувал играчите и побарал итна промена во нивниот пристап бидејќи не видел желба за победа. Во текстот се наведува дека Алегри можеби ќе направи драстични промени во екипата откако ќе заврши паузата поради репрезентативните активности.

Read More

Прославениот англиски фудбалер, Алан Ширер, го критикуваше настапот на Тотенхем во почетокот на сезоната. „Не сум сигурен дека трансферните трошоци го одразуваат квалитетот на играчите иако никој не очекуваше тие да бидат на дното на табелата“ – рече Ширер. „Ако не почнат да победуваат, тогаш ќе се појават сериозни прашања. Сè уште мислам дека имаат сила да останат во лигата“ – вели некогашниот репрезентативец на „Гордиот Албион“.

Read More

Легендарниот фудбалер, Пол Сколс, вели дека Манчестер Јунајтед не може да направи конкурентен тим во трката за титулата во Премиер лигата. „Тие доведоа играчи кои се можеби физички посилни. Сантос одигра 11 натпревари за Челзи и го платија 50 милиони но, тој не се вклопува во тимот. Ако регрутирате играчи, тие треба да бидат подготвени да ја освојат титулата“ – вели Сколс. „Мајкл Керик е многу разочаран од тоа што се случи во летото. Мислам дека длабоко во себе чувствува разочарување“ – рече поранешниот член на „црвните-ѓаволи“.

Read More

Поранешниот инженер на Ферари, Роб Смадли, сподели идеја како да се подобри процесот на оценување во Формула 1. „Кога ќе ги видите извештаите дека инцидентот ќе биде истражен по трката, мислите дека тоа е сосема фер. Причина за тоа е што стјуардите се многу зафатени со трката, нели? – вели Роб. „Не можете само да ја запрете трката и да кажете: „Нека одлучат судиите.“ Но, може да се создаде дополнителна група стјуарди за значително да се забрза целиот процес“ – рече Смадли.

Read More
NBA

Атланта се согласи да ги испрати кошаркарите, Бади Хил и Рајан Нембард во Шарлот за да го земе Дориан Фини-Смит. 33-годишниот поентер има уште три години до крајот на неговиот договор од 53 милиони долари вклучувајќи опција и за сезоната 2028-29. Минатата сезона, Фини-Смит одигра 37 натпревари за Рокетс, постигнувајќи просек од 3,3 поени и 2,5 скока за 16,8 минути.

Read More
NBA

Ветеранот, Кевин Дурант, кој ќе ја има 19-та сезона во НБА лигата, не очекува да добие помала минутажа. „Јас сум покорисен на теренот. Тимот е посилен со мене. Морам да тренирам конкретно за да го играм целиот натпревар – сите 48 минути, доколку е потребно“ – вели кошаркарот кој набрзо ќе наполни 38 години. Тој во претходната сезона во дресот на Хјустон имаше просек од 26,0 поени, 5,5 скока и 4,8 асистенции.

Read More

Македонската тенисерка, Сара Митевска, влезе во осминафиналето на Европското првенство за играчи до 16 години во машка и женска конкуренција што се игра во Парма. Таа денеска во мечот од третото коло ја победи унгарската тенисерка, Емесе Серкеди, со 2-1 во сетови. Сара го доби првиот сет со 6:3 а вториот и припадна на ривалката со 6:4. Македонката во решавачкиот сет славеше убедливо со 6-0. Митевска утре ќе игра против првата носителка, Марија Валентина Поп од Романија. Нашиот претставник во машкиот дел, Марко Алексовски, денеска загуби од Матс Хуте од Холандија со 2-0 по сетови 6-3 и 6-1.

Read More