Поранешниот инженер на Ферари, Роб Смадли, сподели идеја како да се подобри процесот на оценување во Формула 1.
„Кога ќе ги видите извештаите дека инцидентот ќе биде истражен по трката, мислите дека тоа е сосема фер. Причина за тоа е што стјуардите се многу зафатени со трката, нели? – вели Роб.
„Не можете само да ја запрете трката и да кажете: „Нека одлучат судиите.“ Но, може да се создаде дополнителна група стјуарди за значително да се забрза целиот процес“ – рече Смадли.

