Ветеранот, Кевин Дурант, кој ќе ја има 19-та сезона во НБА лигата, не очекува да добие помала минутажа.
„Јас сум покорисен на теренот. Тимот е посилен со мене. Морам да тренирам конкретно за да го играм целиот натпревар – сите 48 минути, доколку е потребно“ – вели кошаркарот кој набрзо ќе наполни 38 години.
Тој во претходната сезона во дресот на Хјустон имаше просек од 26,0 поени, 5,5 скока и 4,8 асистенции.

