Македонската тенисерка, Сара Митевска, влезе во осминафиналето на Европското првенство за играчи до 16 години во машка и женска конкуренција што се игра во Парма.
Таа денеска во мечот од третото коло ја победи унгарската тенисерка, Емесе Серкеди, со 2-1 во сетови. Сара го доби првиот сет со 6:3 а вториот и припадна на ривалката со 6:4. Македонката во решавачкиот сет славеше убедливо со 6-0. Митевска утре ќе игра против првата носителка, Марија Валентина Поп од Романија.
Нашиот претставник во машкиот дел, Марко Алексовски, денеска загуби од Матс Хуте од Холандија со 2-0 по сетови 6-3 и 6-1.

