Кошаркарот на Лос Анџелес, Лука Дончиќ, проговори за неговите шампионските амбиции во НБА конкуренцијата.
„Сега сум Лејкерс. Не сум сигурен дали некогаш сум се замислил тука облечен во виолетов и златен дрес. Очајно го сакам тоа што го сака секој навивач на Лејкерс: да победувам. Нема да застанам додека не освоиме повеќе шампионати“ – вели интернационалецот од Словенија.
Дончиќ во претходната сезона имаше просек од 33,5 поени, 8,3 асистенции и 7,7 скокови.

