Германскиот тенисер, Александар Зверев, го подигна шампионскиот пехар на Отвореното првенство на САД.
Тој во текот на ноќта во финалето го совлада домашниот претставник, Бен Шелтон со 3:1 по сетови (6:3, 7:6, 5:7, 6:2).
Во меч кој траеше три часа и 35 минути, победникот на годинашниов – „Ролан Гарос“ успеа да го издржи притисок и да дојде до втората грен-слем титула во кариерата.

